Здравјето, според бојата на косата

Дрски, чувствителни, своеволни … Сигурно знаете дека природната боја на косата издава некои карактерни црти. Излегува дека, сепак, таа би можела да обезбеди и вредни информации за нашата здравствена состојба.

Значи, ако сакате да бидете еден чекор напред во однос на вашето здравје, направете си еден брз тест.

Бринети

Темнокосите луѓе треба да внимаваат со цигарите, бидејќи тие често се наоѓаат зависни од никотин, односно пушат во доста сериозни количини. Што, се разбира, го зголемува ризикот од рак на белите дробови.

Црвена коса

Црвенокоските сепак се клони кон рак на кожата. Затоа, сончајте се на плажа со фактор 50+! Сонцето е најголемиот катализатор на оваа болест. Кај вас веројатноста да родите бебиња со прекумерна тежина е исто така поголема. Затоа, што се однесува до девојките, обрнете внимание на здравата и избалансирана исхрана за време на бременоста.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Русокоси

Русокосите луѓе пак најчесто имаат проблеми со очите! Со возраста веројатноста да добијат дегенерација на макулата, која би довела до слепило, се зголемува. Значи, одете редовно на очни прегледи!

- Реклама -