Здравје во чаша за секое утро

Поради утринските обврски, како спремање појадок за децата, пеглање во последен час, шминкање…тешко постигнувате да го почнете денот здраво. Ние ви откриваме еден брз и здрав ритуал кој би требало да го усвоите.

Потребна ви е само чаша млака вода со половина исцеден лимон. Богата е со антиоксиданси, има одличен ефект на имунитетот, метаболизмот, изгледот и чувството на ситост.

Го зајакнува имунитетот

Овој напиток е богат со витамин Ц и го зајакнува имунитетот. Освен тоа, нутриционистите велат дека витаминот Ц од лимонот му помага на телото да го апсорбира железото, особено она кое го наоѓаме во намирниците што не се од животинско потекло.

35549_shutterstock_106752881_iff

Го подобрува варењето на храната

Сокот од лимон има слична структура со желудочните сокови и има позитивно влијание на гастроентеролошкиот тракт. Освен тоа, сокот од лимон е добар против подуеноста.

Ја регенерира кожата

Лимонот е одличен во борбата против стареењето на кожата. Антиоксидансите што ги содржи се борат против слободните радикали што предизвикуваат стареење. Витаминот Ц помага во производството на колаген кој ги држи борите под контрола.

Прочитајте и:  Лекар предупредува дека на повеќето луѓе им недостасуваат овие 5 витамини

Го намалува апетитот

4776964648_a0f94f98fa_z

Лимонот содржи пектин кој создава чувство на ситост.

Ја балансира PH вредноста

Чаша вода со малку лимон ја намалува киселоста на организмот. Имено, овој напиток содржи лимонска киселина, а не создава киселини во телото.

Го освежува здивот

Антисептичките својства на лимонот ги убиваат лошите бактерии во устата и делуваат дезинфекционо. Чаша лимон и вода наместо кафе наутро е подобар избор.

Помага во зараснување на раните

C

Овој напиток го штити здравјето, ги намалува стресот и депресијата, а освен тоа содржи витамин П кој поволно делува на капиларите. Освен тоа што помага кај зараснувањето на раните, лимонскиот напиток е добар и за здравјето на коските, ткивата, а ги смирува и воспаленијата.

- Реклама -