Здравје од природата – како да се лекуваме со билки?

Билките се еден од начините да се излечиме  брзо и ефикасно во сезоната која што е  полна со различни настинки.

Билките се берат во точно одредено време, што нема начин да го погодите , освен ако не сте упатени  во оваа работа. На пример,  има билки, чија боја се создава  и потоа се губи  за помалку од час, а токму во овој период треба да се набере.

Како да се лекуваме со билки од пазарот?

Старите билкари нудат  неколку испробани рецепти.

При температура најдоброто средство е чај од липа.

Ако имаме кашлица, станува посложено, бидејќи не може брзо да излекува само со  една билка.  Затоа идеалната  комбинација за кашлица брои 24 билки. Но, истата може да ја совладаме ако освен липа, конзумираме  хмел или  мајчина душица.

 

За настинки кај мали деца билкарите советуваат  да им направиме инхалација со босилек, тоа било најпрецизниот лек од природата за затнат нос и кашлица.

- Реклама -