Морето е најпосакувано во овие периоди од годината и е вистински благодет за душата, но освен за душата морето е вистински рај и за телото…
Морската вода ги ублажува артритисот и болките во грбот
Благодарејќи на составот на морската вода, таа делува делотворно врз луѓето кои патат од артритис и болки во грбот. Затоа луѓето кои патат од реума, артритис или слични болки треба поголем дел од денот да го поминуваат во морската вода.
Морето делотворно и за очите
Да, морето има убава боја и пријатно е за гледање, особено во одредени периоди од денот. Затоа, доколку вашата работа е пред компјутер во текот на годината, тогаш морето навистина ќе ви помогне да се чувствувате убаво, а воедно и да ги одморите очите.
Морската вода е силен лек за кожните проблеми
Кожните проблеми од типот на дерматитис или псоријаза успешно се смируваат со помош на морската вода која е богата со разни минерали кои ретко се среќаваат на друго место.
Морето е благотворно и за дишните патишта
Морската сол има ефект на антисептик и антихистаминик, што благотворно делува на дишните патишта. Луѓето заболени од астма, бронхит или слични заболувања треба почесто да одат море бидејќи тоа навистина ќе ја олесни нивната состојба.
Морската вода – филтер за организмот
Да, морската вода го поттикнува чистењето на организмот, лимфата, бубрезите, црниот дроб… Се функционира забрзано и правилно, па затоа кога ќе се вратите од море ќе се чувствувате навистина феноменално.
Неколку совети доколку не можете да посетите море
Доколку не можете да го поминете годишниот одмор на море од која било причина, тогаш не очајувајте, пробајте да се одморите на оној начин кој ви е најприкладен и најсоодветен и што би можел делумно да го замени морето, како на пример:
- Земете морска сол и направете купка
- Излезете на планина и капете се во планински води
- Читајте книга некаде во природа
- Редовен фитнес, барем за време на летото
- Избегнувајте стрес
Објавено во соработка со За Здравје.