Здрави навики во исхраната кои можат да се свртат против вас

ИсхранаДобивате најразлични совети за здравата исхрана од најразлични начини и не сомневајќи се во нив почнувате да се прилагодувате, затоа што сте загрижени за здравјето. Но, треба да знаете дека и најздравите навики можат да се свртат против вас, во одредени случаи. Проверете како.

Добивате најразлични совети за здравата исхрана од најразлични начини и не сомневајќи се во нив почнувате да се прилагодувате, затоа што сте загрижени за здравјето. Но, треба да знаете дека и најздравите навики можат да се свртат против вас, во одредени случаи. Проверете како.

ИсхранаЈадење интегрална храна

Сте се префрлиле на конзумирање интегрална храна: леб, житарици, грицки, ориз, кафеав шеќер итн., и тоа добро, зашто овие производи имаат голема концентрација на растителни влакна. Тие ве држат сити подолго време и помагаат во варењето.

Но, само затоа што нешто е здраво, не значи дека можете да изедете неограничена количина. Премногу јадење ќе ви додаде телесна тежина, а тоа пак води до здравствени проблеми. Дополнително, постојат производи кои се направени од интегрални суровини и обичен шеќер или премногу маснотии…

Затоа, внимателно читајте ги етикетите и внимавајте на количините. Калориите остануваат калории и тогаш кога потекнуваат од интегрална храна.

Полнење на чинијата со различни видови храна

Ова помага во здравата исхрана зашто разновидноста спречува здодевност, што може да доведе до диетарна катастрофа (колку време ќе помине пред да замразите една храна ако ја јадете постојано?).

Но, постојаното мешање на повеќе видови храна може да доведе до прејадувања, од проста причина што сетилото за вкус ќе ве измами дека сте сè уште гладни, затоа што потсвеста ќе ве натера да пробате уште малку од следното парче, па од следното итн.

Прочитајте и:  Лекар предупредува дека на повеќето луѓе им недостасуваат овие 5 витамини

Решението на овој проблем е да одите на разновидност на нискокалоричните храни (овошје и зеленчук), а да се држите на по еден или два вида од висококалоричните.

Елиминирање на алкохолот

Коктелите и некои жестоки пијалаци имаат екстремно висока калорична вредност. Па така, кога ќе испиете 5-6 чашки, можете да стигнете и до преку 1000 калории. Дополнително, кога инхибициите ќе се снижат, изборот на храна станува сомнителен.

Од друга страна, неколку истражувања покажаа дека луѓето кои умерено и повремено пијат алкохол имаат подобра здравствена состојба и од алкохоличарите и од оние кои воопшто не го конзумираат алкохолот. Како можна причина за ова се наведува фактот што луѓето кои постојано имаат мали количини алкохол во организмот, можат да си дозволат и умерено конзумирање масни јадења зашто нивниот систем подобро ги вари.

Па, ако можете да се ограничите на чаша или две дневно од нискокалоричните алкохолни пијалаци (светло пиво и вино), тогаш наздравете. Ако не, сепак би било поумно да се збогувате со алкохолот.

Исфрлање на слатките од дома

Ако немате слатки дома (чоколадо, колачи, сладолед), не постои шанса да изедете цела кутија или пакување во едно седнување.

Но, ако се почувствувате како да се лишувате себеси од нешто, следниот пат кога ќе излезете некаде, голема е веројатноста да нарачате големо парче торта или порција со 8 топки сладолед.

Според тоа, доколку има некој вид слатки крај кои не можете да се контролирате, тогаш исфрлете ги од дома. Но, зачувајте нешто во што можете да уживате во мали количини, како малите чоколадни бонбони кои доаѓаат во индивидуални обвивки.

- Реклама -