Здрави производи што, всушност, дебелеат

Ако се обидувате да ослабете, веројатно од исхраната ги исфрливте сите продукти за кои е познато дека се полни со масти и со шеќери. Меѓутоа и многу здрави производи како сушеното овошје, јогуртот, па дури и салатите може да содржат скриени калории.

Вода со вкус

Не заборавајте дека овие води содржат и шеќер, а со тоа и многу калории. Едно шише вода со вкус содржи околу 270 калории.

Енергетски плочки

Тие се одлична замена за меѓуоброк, имаат витамини, минерали, шеќери и масти, но и голема калориска вредност (меѓу 250 и 300 калории).

Кафе со млеко

Кафето е одличен почеток на денот, но ако е во комбинација со млеко и со шеќер, овој нискокалоричен пијалак може да се претвори во мала ужина.

Салати

Тоа што во основата содржат зеленчук, не значи дека се автоматски нискокалорични. Преливите од масло или од павлака, препечениот леб, шунката, како и парчињата месо се непријатели на вашата диетална салата.

Јаткасто овошје

Тие се одличен избор на витамин Д, железо, магнезиум и протеини. Меѓутоа, имаат висока содржина на масти, па 100 грама ореви имаат околу 620 калории, лешниците 670, а бадемите 580 калории.

Супа во кесички

Течната храна не е секогаш диетална. Ова најчесто се однесува на супите од кесички, особено на кремастите кои се доста мрсни.

Овошни сокови

Тие се вистинска витаминска бомба, но не се безбедни колку и водата. Особено не купечките, кои се полни со конзерванси и додадени шеќери. Од домашните, пак, најопасни се фрапеата од банана и јагода.

 

- Реклама -