‘Рбетот го носи нашето тело и претставува темел и столб на целото тело. Здравјето на рбетот е од исклучителна важност кај секого, а особено кај децата. Еве неколку совети како да го зачувате рбетот…
Не користете мек душек
Мекиот душек е многу поштетен за ‘рбетот за разлика од тврдиот. Затоа вашиот душек е потребно да биде доволно тврд за да го потпира ‘рбетот.
Правилната перница е важна
Правилната перница е важна за здравјето на ‘рбетот. Најдобро таа да има висина помеѓу 10 и 12 цм. Треба да биде доволно голема за да на неа можат да се наместат и главата и вратот, но никако и рамениците.
Подобро е тврд стол
Можеби фотељите ви се удобни и меки, но тврдите столови се многу поделотворни за лумбалниот дел од ‘рбетот. За лумбалниот дел е потребно нешто да го држи и потпира, тврдиот стол одлично ќе го прави тоа за сметка на мекиот.
Никогаш не стојте вкочането на едно место
Доколку е потребно повеќе време да стоите на едно место никако немојте да стоите вкочанети. Поткревајте ги нозете наизменично на 20 – тина сантиметри на секои десетина минути.
Кога дигате тешко повеќе користете ја силата на нозете
Кога дигате тешко не оптеретувајте ги толку рацете и трудете се силата да ја црпите од нозете. Не ја свиткувајте половината, туку свиткувајте ги колениците.
Правилно седење пред компјутер
Мониторот треба да биде во висината на очите под агол од 90 степени, на одалеченост од барем 50 см.
Не ги прекрстувајте нозете
Немојте да ги прекрстувате нозете бидејќи на овој начин ги оптеретувате карличните мускули и му штетите на лумбалниот дел на ‘рбетот. Затоа, нозете исправени секогаш и секаде.
Трудете се да спиете на грб
Избегнувајте спиење на стомак, така значително го оптеретувате ‘рбетот.
Објавено во соработка со За Здравје.