Сега е најсоодветно време да најдеме нови и здрави рецепти за слатки ледени задоволства кои ќе ги направиме дома.
Денеска ви нудиме еден едноставен и неверојатно вкусен рецепт за домашен сладолед со шумски плодови. Обидете се да го подготвите во вашата кујна. 🙂
Потребни производи:
– 3 замрзнати банани
– 2 чајни чаши замрзнати шумски плодови.
Неопходно време за подготовка:
10 минути
Рецептот за здрав домашен сладолед во два чекори:
1. Првиот чекор од рецептот за здрав домашен сладолед е изборот и подготовката на производите. Можете да користите директно замрзнато овошје од продавница. Многу подобро е сепак ако самите го изберете и замрзнете овошјето, бидејќи така ќе имате можност да ги изберете најквалитетни овошја по ваш вкус. Излупете ги бананите, исечете ги на тркалца, ставете ги во ќеса и замрзнете ги во замрзнувач.
2. Пред да го приготвите сладоледот, извадете ги плодовите од замрзнувачот и оставете ги да се одмрзнат 5-10 минути, а потоа со помош на кујнски робот или моќен блендер соединете ги во хомогена смеса. Вашиот здрав домашен сладолед може да биде сервиран. Ако приготвите поголемо количество, спокојно можете да го чувате во фрижидер.