Зборови што немаат превод

p4x68LJ[1]

За овој со глупава тетоважа има универзален термин – идиот. За некои други нешта во животот, пак, луѓето немаат конкретни зборови, освен во некои поединечни јазици. А јазици има околу 7.000. И покрај тоа, тие такви уникатни зборчиња немаат свои синоними на глобално ниво, макар што означуваат нешта што му се познати на секој човек.

Туку да не гњавиме, Independent одбра неколку такви интересни примери:

– Cafuné (португалски) – Поминување со прстите низ косата на љубениот/та.

– Litost (чешки) – познатиот чешки писателп Милан Кундера, го дефинира како „очајот кој настапува кога еден човек одеднаш сфаќа дека е во многу бедна состојба.

– Schnapsidee (германски) – план кој сте го направиле во алкохолизирана состојба, или идеја што е толку смешна што сигурно сте биле пијани кога сте ја смислиле.

– Viraha (хинди) – Моментот кога сфаќате колку некој ви значи, дури откако ќе се разделите.

– Jayus (Индонезиски) – шега што е толку несмешна што ти иде да се смееш.

– Tsundoku (јапонски) – Кога купуваш книга што никогаш нема да ја отвориш.

– Oodal (Тамил) – она кога глумиш дека уште си му лут/а на партнерот/ката, зашто претходно сте имале кавга.

– Тоска (руски) – според Владимир Набоков, тоа е „чувство на голема душевна тегоба, што често настапува без некоја посебна причина“.

– Abbiocco (италијански) – поспаноста што те обзема откако ќе се најадеш.

– Odnoliub (руски) – човек што цел живот бил заљубен само во една.

- Реклама -