Зборови што лечат: Мудра приказна во неколку реченици

Ако еден збор има толку многу сила да налути, зошто други не би имале моќ да лечат.
Еднаш еден светец се шетал низ природата и додека минувал крај едно мало село, му се приближила расплакана жена преколнувајќи го да дојде и да му помогне на нејзиното болно дете. Светецот пошол и сите се собрале околу него, бидејќи ваква личност била ретка глетка. Го донеле болното дете, а тој застанал над него и изговорил молитва.

„Зарем навистина мислиш дека твојата молитва ќе му помогне кога медицината не успеала?“, викнал еден човек од оние кои гледале.

„Што знаеш ти за овие работи? Ти си една обична будала!“, одговорил добриот човек.

Другиот страшно се налутил и  неговото лице се вцрвило. Таман сакал нешто да му каже на светецот, стариот човек се доближил до него и му рекол:

„Ако еден збор има толку сила да те направи лут и вцрвенет, зошто друг не би имал моќ да излечи?“

И така тој ден, светецот излекувал двајца луѓе.

Мисла на денот

- Реклама -