Џорџ Клуни повеќе не е ерген, откако денеска ја ожени адвокатката Амал Аламудин во Венеција.
Тие се венчаа на приватна церемонија во Италија.
На листата на гости имало 136 имиња, меѓу кои и пејачот на групата U2 Боно Вокс, актерите Мат Дејмон, Бред Пит, Анџелина Џоли, Сандра Булок, Ана Винтур, поранешната манекенка Синди Крафорд и нејзиниот сопруг Рен Гербер.
Со оглед на големото обезбедување и приватноста која сакаше да ја задржи двојката, засега нема повеќе детали, а фотографиите што кружат на интернет се непосредно пред церемонијата.