Завршува ерата на ХИВ – Вакцината која ќе го спаси човештвото?

Вакцината за човечкиот имуннодефицитен вирус (ХИВ) поминала успешно низ првата фаза од клиничките испитувања, без никакви несакани ефекти за пациентите. Таа е развиена од страна на д-р студ Јонг Канг и неговиот тим, со што е првата генетски модифицирана вакцина, одобрена за тестови врз луѓе.

„Сега се подготвуваме за втората и третата фаза на клиничките испитувања. Ја отвораме вратата за фармацевтските компании, владата и хуманитарните организации со кои заедно ќе му ја  понудиме на светот првата комерцијална ХИВ вакцина. “, вели извршниот директор на Sumagen Co. Ltd.

Првата фаза од клиничките испитувања, кои ја оценуваат безбедноста, издржливоста  и имуните одговори, започна во март 2012 година и заврши во август годинава. При истражувањето, вакцината SAV001-H е инјектирана кај жени и мажи на возраст од 18 до 50 години,  заразени со ХИВ.

15042013213548_aids

Откако ја добиле вакцината, волонтерите оделе на контролни прегледи на  4, 6, 12, 18, 26 и 52 недели. Лекарите не набљудувале никакви несакани ефекти, па дури и откриле изненадувачко стимулирање на производството на антитела, што може да предвестуваат успех во фаза 2, кога ќе се мери имунолошкиот одговор.

SAV001-H, која е произведена во специјална лабораторија во САД, е единствената ХИВ вакцина со развој од Канада. Sumagen очекуваат ова да биде првата ХИВ вакцина одобрена за пазарот. Според Светската здравствена организација повеќе од 34 милиони луѓе во светот се заразени со ХИВ. За последните три децении вирусот предизвикал повеќе од 25 милиони смртни случаи.

- Реклама -