Заврши црвено-белата бајка: Армани џинс прв најде лек за Душко Ивановиќ!

Кошаркарите на Армани џинс ставија крај на серијата од девет порази по ред и тоа со голем триумф на жешкото гостување кај Црвена звезда (71-67), за која, пак, ова е прв неуспех по десетте победи во низа од кога на клупата седна легендарниот Душко Ивановиќ.

Италијанците апсолутно заслужено дојдоа до триумф, кој можеше да и полесно да го обезбедат со оглед што имаа плус 15 (66-51) по првите неколку минути од последниот период. Но, црвено-белите со серија 13-0 намалија на само два поени и внесоа голема неизвесност, која беше прекината со тројката на Били Берон, нивни поранешен кошаркарм кој пред неколку години им донесе српска титула на белграѓани и тоа со трочекор во клучната пресметка со Партизан.

Ц. Звезда сега има половичен учинок во Евролигата со скор 7-7, додека Армани џинс побегна од последното место и сега има учинок 4-10.

- Реклама -