На 28 и 29 мај, Скопје го привлече вниманието како домаќин на Innovate.X 2024, првиот регионален фестивал за иновации. Овој дводневен корпоративен настан и работилница за развој на иновации и креативни решенија организиран од консултантската компанија Solveo ги собра водечките компании и експерти за да дискутираат за најновите трендови во бизнисот, а воедно и да креираат нови решенија, продукти и проекти.
За време на двата дена фокус беше Design Thinking работилницата на која 15 тимови од разноврсни компании (А1 Македонија, ЕОС Матрикс, Макпетрол, Manetik, Хубо, Нептун, Халк Банка, Акцент, Коузон, Boksy, We Drive) креираа решенија предизвици, проекти, продукти и процеси, со помош на современите алатки и технологии. Повторно се докажа успехот на Design Thinking процесот, односно дека не преферира индустрија, искуство и интерес, туку напротив разноликоста поттикнува креативност, мотивација и позитивни промени.
Првиот ден на настанот беше обележан со фокус на дигиталната трансформација и вештачката инелегенција, како таа ги менува бизнисите. “Дигиталната трансформација е клучна за преживување и напредок во денешната економија. Компаниите кои ја прифатиле оваа промена се во предност,“ изјави Љупчо Георгиев од Microsoft. Тој беше дел од првитот панел заедно со Александар Ников од Netcetera, Владимир Ристовски од Piksel и Наташа Божиновска Миркова од Represent Communications, кои ги споделија своите визии и искуства за тоа како вештачката интелигенција го преобразува современиот бизнис.
Како специјален гостин говорник, присутните имаа можност да го слушнат Лукаш Двулит (Полска) од компанијата Klarna. Тој од прва рака ја раскажа приказната на новата fintech алатка на Klarna и сподели дека „Иновациите не се само технолошки, туку и културни промени. Компаниите кои се отворени за нови идеи и стратешки пристап се оние кои ќе успеат.“
Вториот ден на InnovateX 2024 беше посветен на одржливи решенија и индустриски иновации. На панелот споделија искуства Ирина Аврамска од Finovate MK, Мери Шешо, Драган Јосифовски од Paket.mk, Сања Лазаревска од April22. Низ своите лични приказни ја дискутираа корисната улога на AI и новите технологии во трансформирањето на традиционалните индустрии.
Од организацискиот тим на Солвеo велат дека Innovate.X беше возбудливо патување на креативност, соработка и иновација, ”Нашите учесници се собраа со една заедничка мисија: да ги поместат границите на она што е можно и да поттикнат трансформативни промени низ индустриите”.Овој настан промовираше креативност и соработка, поставувајќи ги темелите за понапредна технолошка и бизнис заедница во Македонија.