Лојд Скот бил еден од илјадниците натпреварувачи кои се пријавиле за овогодинешниот лондонски маратон. Но за разлика од останатите натпреварувачи, Лојд бил облечен како полжав за да собере пари за Action for Kids. Во петокот, по 26 дена „трчање“ полжавот најпосле стигнал на целта.
Во костумот долг 2,7 метри Лојд лежел на санка, и се туркал по земја со раце. Четириесет и девет годишникот претрпел крварење од носот и грчеви, поминувајќи по осум часа дневно лазејќи по асвалтот. Во еден момент тој морал да биде однесен и во болница, бидејќи поради лежечката положба речиси постојано крварел од носот.
По пристигнувањето на целта пред Бакингемската Палата, Лојд изјавил: „Ова беше многу, многу потешко отколку што очекував. Бидејќи лежев на стомак по осум часа на ден, многу ми беше тешко да јадам, а неколку пати дури и повраќав. Исто така ми течеше и крв од носот, изгубив еден нокт на ногата, а вратот и рамената постојано ме болат. Но не се откажувам, премногу семејства зависат од мене.“
Лојд Скот е еден од најпознатите собирачи на средства за добротворни цели во Британија. Тој го има завршено маратонот неколку пати. За своите подвизи тој вели: „Бидејќи го имам завршено маратонот неколку пати, се обидувам да најдам различен начин на кој ќе се натпреварувам. Го завршив како нуркач, Св. Ѓорѓија со Ламјата, Индијана Џонс со огромниот камен, роботот од Iron Giant и како Жолтата Подморница на Битлси“. [Magic Marathon]