Првиот дел од Меѓународната Вселенска Станица беше лансиран во 1998 година. По 13 години и некаде помеѓу 35 и 100 милијарди долари подоцна, станицата беше и официјално завршена со инсталирањето на дел од роботската рака која е поставена на станицата во петокот.
Но, само тоа што фазата на градење на станицата е завршена не значи дека таа нема да продолжи да расте. Руската Вселенска Програма се подготвува за додавање уште еден научен модул наречен „Наука“ во 2012. Рускиот модул најверојатно ќе биде последниот голем дел додаден на станицата, но сепак има шанси дека други луѓе ќе додаваат нови делови. Еден кандидат е Bigelow кои развиваат модули за живеење на надувување.
Исто така на станицата најверојатно ќе бидат додадени и помали експериментални „играчки“; помошниот мотор VASIMIR најверојатно ќе биде додаден за да ѝ помогне на станицата да ја одржува орбитата. Сега откако станицата е и официјално завршена, ние луѓето можеме само да уживаме во сликите и да се воодушевуваме на своите способности и решеноста да изградиме меѓународна база во вселена. [The International Space Station is finally, officially completed]