Заводливата Меган Фокс позираше за магазинот “Esquire“ облечена само во долна облека и палто и тоа само четири месеци по породувањето.
Дваесет и шестгодишната Фокс пред четири месеци го роди првото дете. Црнокосата заводничка многумина ја сметаат за најсекси жена во светот, а позирајќи за магазинот “Esquire“ уште еднаш покажа зошто ретко кој може да остане рамнодушен во нејзина близина.
Облечена во црна чипкаста долна облека и палто, изгледа навистина заводливо. Меган, која е во брак со 39-годишниот Брајан Остин Грин во интервју откри дека не сака луѓето да ја гледаат само како секс симбол туку и како успешна актерка.
“Како секс-симбол се чувствувам многу беспомошно. Не се чувствувам силно. Пред да почнам да глумам бев обична фотографија, поза. Сега сакам луѓето да ме ценат поради мојот актерски талент“, рекла Меган.
Во интервјуто Фокс зборувала и за отстранување на тетоважата со ликот на Мерлин Монро.
“Почнав да читам за Мерлин и сфатив дека нејзиниот живот бил тежок. Тоа е како да ја визуализирате својата иднина, а за мојата не сакам нешто негативно“, рекла Меган додавајќи дека и’ е жал што неодамна ја споредила Линдзи Лохан со Мерлин Монро и дека не мислела ништо лошо.