Навистина сме зависни од утринското кафе

По направените универзитетски истражувања, стигна потврда дека навистина постои зависност од утринско кафе. Прескокнувањето на овој ритуал, може да доведе до симптоми на апстиненцијална криза.

Истражувачите од Универзитетот Џонс Хопкинс, потврдиле дека утринското кафе ни е навистина неопходно. Ако не испиеме барем една шолја кафе, може да се почувствуваат силни симптоми на апстиненцијална криза.

Американските стручњаци наведуваат дека само една шолја кафе на ден доведува до зависност од кофеин, најраспространет стимуланс, кој е евтин и достапен поради што луѓето лесно ја одржуваат потребната количина.

Роналд Грифитс, професор по психијатрија, кој го водел ова истражување, укажува на тоа дека луѓето кои не ја добиваат својата дневна доза може да патат од низа симптоми на апстиненцијална криза, од главоболка до слабост, потешкотии во концентрацијата, дури и да се чувствуваат како да имаат грип со мачнина и болки во мускулите.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -