Замислете како би изгледало, кога би можеле јасно да ја видите секоја ѕвезда на небото над вашиот град.
Токму со таа идеа, фотографот Тиери Коен, ги фотографираше најпознатите гледки од градовите потоа отпатува на оддалечени места, каде што светлината и загадувањето едноставно не постојат. Тука тој го фотографираше небото, и со комбинирање на овие две фотографии – доби неверојатни фото манипулации. Овие фото манипулации ни даваат можност да видиме како би изгледале градовите и небото над нив доколку не би постоеле светла.