Експертите од Универзитетот во Сасекс сметаат дека не би требало да замеруваме кога некој, само неколку минути по запознавањето, не ни го знае името. Научниците откриваат дека, иако можеме да и пристапиме на меморијата неколку часа откако нешто ќе научиме, таа сепак ни е недостапна извесно време.
Иако не е во потполност откриено зошто ова се случува, истражувачите веруваат дека е клучен процесот во работењето на мозокот, за да се избегне преоптоварување со информации.
Научниците велат дека било каква опструкција во текот на овие мемориски паузи може да го прекине процесот и да го стопира формирањето на меморијата.
Еден од експертите, д-р Илдико Клеменс, вели дека овие мемориски прекини отсекогаш претставувале мистерија.
„Формирањето на меморијата е процес кој бара голема количина енергија. Мозокот во тие паузи мора да научи дали одредена информација е вредна за трошење на енергијата за таа да се стави во меморијата. Мозокот има ограничен капацитет кога станува збор за меморијата и спречувањето на формирањето на одредени мемории претставува начин за да се избегне преоптоварувањето“, тврди Клеменс.
Во своето истражување, д-р Клеменс во исхраната на полжавите им вметнувал непозната супстанца за да види дали тие ќе научат да ја препознаат како храна.
Кога повторно ги хранеле полжавите, научниците откриле дека тие реагирале на вообичаениот стимуланс, се додека меморијата не била реорганизирана за некои четири часа.
Меѓутоа, кога полжавот добивал друг стимуланс во текот на мемориската пауза, консолидацијата на меморијата била узурпирана.