Зимата доаѓа, а многумина забораваат да се заштитат доволно од ниските температури.
Ви нудиме решение и рецепт за балзам за усни и јаболчници кој можете да го подготвите самите, со природни и хранливи состојки, бидејќи тие од продавница знеме дека нема многу да ви помогнат. И не е многу тешко да се приготви исто така.
Состојки:
1/4 шоља органско кокосово масло
1/4 шоља маслиново масло
2 лажици пчелен восок пастили
20 капки етерично масло од лаванда
Подготовка:
Стопете го кокосовото масло, маслиновото масло и пчеличниот восок над пареа, промешувајќи привремено додека не се стопи. Ова ќе потрае најмалку 15 минути, сакате бавно да се стопи.
Откога целосно ќе се стопат состојките, додадете го етеричното масло од лаванда и промешајте.
Користистејќи црпалка внимателно пополнете ја течноста во пластични туби. Дозволете да се излади и стрвдне.
Ова треба да ви даде доволно количина која ќе ви потрае за цела зима а може и подолго, а можете да ги ставите секаде, од вашиот дом, чанта, кола или канцеларија.