Заштитата од рак на простата се вика „21 ејакулација месечно“

Здравјето на простатата е незгодно, ама важно машко прашање.

Нарушувањата на работата на жлездата – која е заслужна за произвството на сперма, се сé почести кај мажите над 50 години. Зголемена простата може да предизвика често и болно уринирање. Ракот на простата, пак, сега е третиот најчест облик на рак кај мажите (во САД).

Исхраната, вежбањето и редовните проверки се најдобриот начин да се зачува здравјето на простатата. Сепак, истражувачите на универзитетот Харвард открија дека има и попријатен начин.

Во студијата објавена во журналот „European Urology“, се наведува дека високиот степен на сексуална активност може да го намали ризикот од таквото заболување. Во студијата биле анализирани сексуалните навики на 32.000 мажи, и се покажало дека кај тие со повисока стапка на ејакулација (читај: почеста) има помала тенденција за појави на тумори на простатата.

„Оваа обемна студија е досега најсилниот доказ за бенефитите од ејакулацијата во поглед на превенцијата на рак на простата“, велат авторите.

Па, колкава треба да е таа „повисока стапка“ на ејакулација?

Панелот од истражувачи се сложи дека 21 ејакулација месечно би требало да биде доволна за да ве заштити. Студијата покажува дека кај мажите кои ејакулираат барем 21 пат во текот на месецот, ризикот е помал за 33%.

Од друга страна, механизмот на кој ејакулациите помагаат во превенцијата на рак на простатата останува прилично нејасен. Претпоставката е дека преку спермата се исфрлаат токсините од системот.

Сепак, ејакулирале или не, факторите како гојазноста, пушењето и јадењето високомасна процесирана храна исто така го зголемуваат ризикот. Уште еднаш повторуваме, здравјето на простатата најдобро се чува со здравата исхрана, вежбањето и редовните проверки. Зашто ако беше само до ејакулацијата, ниту еден маж ќе немаше рак на простата. 🙂

 

- Реклама -