Ако САД нешто научија од снежните бури во последно време, тоа е дека природните катастрофи ги прават луѓето исклучително „палави“.
Снежната бура Џуно не само што ги натера Њујорчани интензивно да бараат партнери за гушкање преку социјалните мрежи, туку предизвика и неочекувано зголемување од цели 500 проценти на побарувачката и продажбата на секси долна облека.
Според шопинг платформата Lyst, имале 5 пати повеќе посети на категоријата за долна облека, кои доаѓаат од Њујорк. И од Agent Provocateur велат дека посетите пораснале за 500% за време на викендот и понеделникот непосредно пред бурата, а значително зголемување на интересот пријавуваат и La Perla и Myla.
Не дека луѓето само ги посетувале страните. Од Lyst велат дека Њујорчани се изнакупиле секси парчиња, од црна ретро чипка, преку сатенски парчиња со боја на шампањ, па до секси акцесоари и мрежести чорапи.
Очигледно, во овие тешки времиња, Њујорчани сфатија што е навистина важно во животот – жешка долна облека.