Заработете 500 долари од висење на Фејсбук

Пред четири години Фејсбук започна парично да ги наградува луѓето кои откриле и пријавиле сигурносни пропусти на неговата страна.

53a09dbaccc9a_-_cos-01-man-on-laptop-facebook-de

Еден од нив откри прилично незгоден баг и за пријавата доби пет илјади долари, додека друг откри шест помали и тоа му донесе помалку од седум илјади долари.

Затоа, кога следен пат ќе забележите „дупка“ на сигурноста на Фејсбук, не раскажувајте наоколу, туку пријавете ја веднаш. Минималната исплата за пријавата која ќе се покаже како оправдана изнесува 500 долари.

Фејсбук исплатува награда по пронајден баг. Исплатата можат да ја добијат само поединци.

Во пријавата морате да наведете кратки чекори со кои ќе покажете како делува багот.

Ако го објавите багот и ја нарушите приватноста на други корисници можете да заборавите на наградата.

- Реклама -