Запознајте ја живата Елса од „Замрзнатото кралство“

23-годишната Бразилка Андрес Дамиани застрашувачки личи на Елса од „Замрзнатото кралство” на Дизни.

Јужноамериканката е вистинска сензација во родниот град и препознатлива фигура во цел Бразил, откако голем број локални медиуми посветија написи на нејзиниот изглед. Сосема логично, голем удел во славата на Андрес имаат и социјалните мрежи – на каналот на Youtube таа има речиси 700 000 следбеници, а на Instagram повеќе од 100 000.

00045167

Дамиани открива дека поголем дел од писмата кои ги добива се од фанови кои и ‘се восхитуваат, но сепак има и такви кои ја навредуваат поради одлуката да личи на кукла.

“Има луѓе кои ми велат дека ме доживуваат одвратно и им е страв кога се разминуваат со мене. Луѓето понекогаш дури бегаат од мене. “

2F73F54700000578-3363787-image-a-15_1450344283837

Андрес не зборува само за мешаните чувства кои ги буди кај минувачите, туку и тврди дека спротивно на мислењето на многумина нејзиниот надворешен изглед не е резултат на пластична хирургија. Девојката самоуверено изјавува дека никогаш не се подложила на каква и да е пластична интервенција и единственото вештачко нешто во нејзиниот изглед се сините леќи за очи.

Прочитајте и:  Бразилски политичар удрил друг со стол за време на дебата

2F73F6F500000578-3363787-image-m-20_1450344750664 2F73F6C800000578-3363787-She_felt_she_couldn_t_fit_into_the_normal_beauty_standards_in_Br-m-7_1450347663311 2F73F6D700000578-3363787-image-a-14_1450344181958

Таа тврди дека и го должи изгледот на уметноста на шминката и најмногу на гените, впрочем, како што раскажува, уште од раното детство луѓето и велеле дека личи на кукла.

2F73F59600000578-3363787-image-m-21_1450344764782

Она што е чудно е тоа што таа ужива во имиџот на Барби и е категорична дека нема да се откаже од него, бидејќи истиот прави да се чувствува подобро. Благодарение на вештачкиот изглед таа успеала да ги надмине болната срамежливост и несигурноста, кои ги доживувала уште како дете, а и за време на тинејџерските години.

2F74C44600000578-3363787-image-m-5_1450353892958

- Реклама -