Запознајте ја „паметната чаша“ која ве информира што пиете

Vessyl е новата паметна чаша која ги детектира состојките кои ги ставате внатре, а со тоа може да го подобри вашето здравје и фитнес навики.

Паметната чашка може да информира за сите хранливи состојки кои се наоѓаат во неа и да даде детали околу вкупниот број на калории, шеќери, масти и кофеин. Како што објаснуваат производителите, чашката има сензори преку кои прави анализи на пијалоците на молекуларно ниво.

На самата чаша е поставен LCD екран на кој се прикажува информација за пијалакот. Дополнителните активности чашата ги извршува со поврзување на апликација која е достапна за Android и iOS уредите. Преку апликацијата, косументите добиваат порака за видот на пијалакот и неговите состојки.

Чашата работи на батерии кои е потребно да се полнат еднаш неделно преку полначот кој е во форма на подметнувач за чаши.

Vessyl веќе може да се нарача за 100 долари, а од наредната година се очекува нејзината цена да се покачи.

Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -