Запознајте ја Екатерина – жената со најдолги нозе на светот

Еден поглед на Екатерина Лисина може тотално да ви ја смени перцепцијата за тоа што значи да си висок/а.

Не многу одамна, Екатерина поднесе апликација за во Гинисовата книга на рекорди. Не поради висината, туку за најдолги нозе на светот. Екатерина е висока 205 сантиметри, а тврди дека нозете ѝ се долги 133 сантиметри.

Почнала како кошаркарка (на ничие изненадување), но во последно време сè подобро ѝ оди и во новата кариера – фотомоделството. Тоа што е највисока жена во Русија дефинитивно ѝ олеснува во потрагата по „тезги“.

Но да се биде Екатерина не е баш лесно надвор од фотомоделството и кошарката. Најочигледниот проблем е дека тешко си наоѓа облека, а и со вратите не ѝ оди баш најдобро – мора да се наведне за да помине низ повеќето.

Другиот предизвик ѝ е љубовниот живот. Тешко е да се најде маж што ќе се нафати да шета со толку повисока жена крај себе (или таа да се нафати со многу понизок од неа), а тоа автоматски ѝ го намалува изборот.



Патем, во титулата за најдолги нозе Екатерина има и ривалка – исто така од Русија. Нозете на оваа другава девојка наводно ѝ се само 1 сантиметар пократки.

- Реклама -