Во повеќето големи градови талкаат одредени бездомници кои благодарение на нивниот ексцентричен изглед или однесување стануваат локални ѕвезди. Во Лавов, Украина, Славик е токму таа „урбана легенда“.
Имено, и покрај фактот што тој е бездомник, Славик има истенчен вкус кога е модата во прашање. Неговите модни комбинации му го привлекле вниманието на украинскиот фотограф Јарко Дјачишин, кој неколку години го фотографирал бездомникот во различни парчиња гардероба, со што на крајот ја објавил оваа колекција.
Иако фотографиите за кусо време станаа интернет сензација, сепак, се чини дека никој не знае многу за мистериозниот живот на Славик. И покрај неговата тешка финанскиска состојба, тој има собрано одлична колекција на облека, која го издвојува од останатите бездомници во градот.
Еден ден Јарко сосема случајно го фотографирал 55-годишниот Славик, а неговото чувство за мода го забележал дури откако ја видел сликата. Подоцна, тој започнал да го фотографира секогаш кога ќе забележел дека носи нешто ново, при тоа давајќи му симболичен надомест за неговата соработка.
Необичното пријателство кое го негувал фотографот со Словак завршило откако тој мистериозно исчезнал од улиците во јануари 2013 година. Сепак, фантастичната колекција со фотографии од него останала овековечена.