Запознајте го семејтвото: Сè за децата на Џоли и Пит!

Во оваа статија ви ги претставуваме одблиску шесте децата на Анџелина Џоли и Брет Пит и сè што сакате да знаете за нив. Тука вклучуваме и забавни факти и секојдневни работи за секое дете, имињата на раѓање на Медокс, Пакс и Захара, од каде потекнуваат нивните имиња (ако се променети) и многу повеќе!

Madgrownup

Madgrownup Maddox Chivan Jolie-Pitt

Возраст: 12

Датум на раѓање: 5 август, 2001

Датум на посвојување: Март 2002

Место на раѓање: Камбоџа

Име на раѓање: Rath Vibol

Прекар: Мед

Забавни факти: Најстарото дете на Џоли-Пит бандата, Медокс е опишан од страна на своите родители како „зрел“, „грижлив“, „професионален поголем брат“, и „вистински интелектуалец“. Тој изгледа дека поседува смирен, речиси како зен квалитет, и се чини дека го присвоил ставот од своите родителите кога станува збор за папараците: Него можеби не му се допаѓаат, но прифатил дека тие се дел од неговиот живот и нема да дозволи премногу да влијаат на него. Тој, исто така се чини дека ги следи чекорите на своите родители кога станува збор за глумењето: Тој се појавува како зомби со неговиот татко во филмот „World War Z!“

Paxhandsome

Paxhandsome Pax Thien Jolie-Pitt

Возраст: 10

Датум на раѓање: 29 ноември, 2003

Датум на посвојување: Март 2007

Место на раѓање: Виетнам

Име на раѓање: Pham Quang Sang

Зад неговото име: Набрзо откако Пакс бил посвоен, Анџелина открила дека нејзината покојна мајка Марчелин му го избрала неговото име. Марчелин им дала на Џоли и Пит листа на имиња кои таа ги предложила кога тие ја очекуваа Шилох, а Пакс беше едно од нив. неговото средно име, Тиен, е виетнамско. Поточно, тоа на виетнамски значи „небо“, додека Пакс значи „мир“, па името на Пакс значи „мирно небо“.

Забавни факти: Личноста на Пакс, според неговата мајка, е речиси целосно спротивно од неговиот постар брат! Анџелина го има опишано својот среден син како многу див и често наоѓајќи се во невоља. Но, во исто време, набрзо истакна дека под таа дивина, под таа енергична надворешност, тој е мил како мало маче и Пакс е добро дете. Навидум му е непријатно околу папараците, и често пати е виден како носи виолетов мајмун кога е надвор!

Zeelady

ladyZahara Marley Jolie-Pitt

Возраст: 9

Датум на раѓање: 8 јануари, 2005

Датум на посвојување: јули 2005

Место на раѓање: Етиопија

Име на раѓање: Teena Adam

Прекар: Z, Zee Zee

Забавни факти: Захара можеби има само 9 години, но таа веќе била можеби низ повеќе предизвици во својот живот од сите нејзини браќа и сестри заедно! Во потполна спротивност од здравото девојче кое е денес, Захара беше многу болно бебе кога била посвоена во кревква восраст од шест месеци. Сериозно слаба, дехидрирана, изгладнета и страдајќи од труење од салмонела, ѝ била потребна хоспитализација напрзо откако била донесена во нејзиниот нов дом во САД… и според докторот кој ја лечел, речиси е сигурно дека таа би умрела ако не ја земала Анџленина. Денес, за среќа, сето тоа е зад прекрасната мала девојка која Анџелина ја опишала дека била многу мајчински настроена кон своите браќа и сестри. Таа, исто така се чини дека е љубител на животни (таа го чувала домашниот миленик, булдогот Жакуес, и според нејзината мајка, зема часови за јавање коњ) и е доста модерна!

Angelina Jolie and kids visits Berkelouw books store  in Sydney., Australia.

Shiloh Nouvel Jolie-Pitt

Возраст: 7

Датум на раѓање: 27 мај, 2006

Место на раѓање: Свакопмунд, Намибија

Прекар: Ши

Зад нејзиното име: Во почетокот на 2008 година, Анџелина ја открила инспирацијата зад првото име на Шилох. Шилох Баптист било името кое родителите на Анџелина (Марчелин Бертран и Џон Воит) сакале да го дадат на нивното прво дете. За жал, не било судено тоа да биде, па Марчелин го изгубила своето прво дете во бременоста. Анџелина, пак, го сакала името и дури го користела како лажно име кога се пијавувала во хотели. Па било сосема соодветно таа и Пит да го изберат името Шилох за нивната втора ќерка. Средното име на Шилох е Ноувел, и се смета дека е во чест на архитектот Жан Ноувел, омилениот на Бред.

Забавни факти: Анџелина ја опишала Шилох (заедно со нејзиниот постар брат Пакс) дека е најслична на нејзиниот карактер, и тоа се гледа. Мала која се однесува повеќе како машко (Анџелина вели дека таа и Пакс „ѝ враќаат“ заради тоа што таа го правела на својата мајка), Шилох се чини дека не се грижи премногу за тоа што мислат другите за неа. Според Бред, таа има многу длабоко влијание од хуманитарната работа на својата мајка, и сака да им помага на луѓето. Се чини дека во семејството ќе има уште еден амбасадор на добра волја во UNHCR.

Knoxlilman

KnoxlilmanKnox Leon Jolie-Pitt

Возраст: 5

Датум на раѓање: 12 јули, 2008

Место на раѓање: Ница, Франција

Зад неговото име: Нокс било средното име на дедото на Бред, Хал Нокс Хилхаус. Леон се чини дека е име кое само им се допаднало на Анџелина и Пит. „Тоа е силно француско име“, коментирал Пит.

Забавни факти: Како неговите постари браќа, Нокс изгледа дека е големо мамино синче, често држејќи ја раката на Анџелина и држејќи се блиску до неа на излети. Можеби тоа е затоа што го има истиот карактер на уште еден машки член на семејството кое сака да биде во близина на Џоли: неговиот татко, Бред! Неговиот стил на облекување исто така многу наликува на својот татко, а се чини дека и на двајцата многу им е допаѓаат очилата за сонце.

Vivlillady

VivlilladyVivienne Marcheline Jolie-Pitt

Возраст: 5

Датум на раѓање: 12 јули, 2008

Место на раѓање: Ница, Франција

Прекар: Вив, Виви

Зад нејзиното име: Вивиен било името кое „само им дошло“ на Анџелина и Пит во почетокот на бременоста, според Пит. Името Марчелин е очигледно во чест на покојната мајка на Џоли. Покрај тоа, Вивиен значи „живо“ или „жив“, па нејзиното цело име е „Жива Марчелин“.

Забавни факти: Можеби “најженското“ од нејзините сестри, Вив (според својата мајка) има афинитет кон сите розеви нешта… како и за принцези. Соодветно на тоа, нејзината прва улога во филм е принцеза. Во новиот филмот на нејзината мајка „Maleficent“, таа е во улога на принцезата Аурора како дете (Заспаната убавица). А кога станува збор за глума, најмалата на Џоли и Пит е „природен“ талент според своите родители. Можеби ова ќе го означи почетокот на нејзина долга и успешна кариера, но само времето ќе покаже.

- Реклама -