Ова е 95-годишниот јога мастер Казим Гурбуз, кој излгеда на 50-годишник отколку на 100-годишник.
Гурбуз се’ уште ужива во активен сексуален живот и верува дека секој човек може да доживее 130 години.
Во интервју за Daily Hurriyet, Турчинот Губуз вели дека тајната на неговиот младешки изглед е чувањето на своето тело флексибилно и јадење на супер-храна, вклучувајќи маслинки и костен мед.
Тој, исто така, препорачува да се јаде пинто зрна грав, пиперки, лут сос, билен чај и супа. „Помалку корисно е месото, (кое предизвикува) најмногу штета. Има протеин во сите зрнести култури (Pulses), месото не мора да ви е задолжително“, вели Гурбуз.
Гурбуз го скршил ‘рбетот кога имал 41 година, оставајќи го парализиран од половината надолу. Докторите рекле дека никогаш повеќе нема да оди.
Но, Гурбуз имал поинакви идеи. Тој ги убедил пријателите да ги вратат неговите пршлени назад на своето место: „Јас спроведов 63 различни експерименти на мене… Јас се преродив. Девет месеци потоа (по експериментот) јас почнав да одам. „Чудо!“, рекоа тие.
Но, Гурбуз верува дека тоа било повеќе прашање на умот над материјата, односно со контрола на мислата да ја се избори со физичкиот недостаток.
Јогито е способен да ја изведе „позицијата јазол“ и да остане во истата 48 часа, може да го држи својот здив 4-5 минути, и да има оргазми околу 3-5 секој ден.
„Јас сум истиот кога имав 25-30 години.“
За Гурбуз, животот почнал на 65 години.
„Ние можеме да доживееме 130 години. Јас имам тавка намера… секој ја има моќта за тоа.“
„Тие се свесни за внатрешната моќ… (ако) се грижат за своите тела, тие ќе доживеат возраст како мене.“