Започува најтешката и најнеизвесната спасувачка мисија

Вкупно 18 професионални спасувачи-нуркачи денеска тргнаа во пештерата во Там Луанг, каде од 23 јуни се заробени 12 деца фудбалери, заедно со нивниот тренер.

Сите спасувачи веќе се сретнале со родителите и роднините на децата и детално им го објасниле спасувачкиот процес, како и можните ризици.

Во меѓувреме, лекарите кои ги прегледуваат децата констатирале дека тие се способни и физички и ментално да соработуваат во спасувачкиот процес. Во мисијата учествуваат 13 светски и петмина локални борбени пливачи и нуркачи.

Според нивната проценка, спасувањето ќе трае околу 21 час и доколку има потреба, може и да се продолжи.

Е.Д.

Прочитајте и:  Осум држави најавија забрана за физичко казнување деца
- Реклама -