Ford Мотор Компанијата денеска започна ново поглавје во својата производствена историја со почетокот на прозводство на новиот Focus Electric – првиот целосно електричен автомобил кој е направен во Европа – во Сарлуи, Германија.
Нула емисијата на издувни гасови на Focus Electric ја предводи Ford-овата линија на електрични и високо гориво ефикасни возила, и ќе биде придружена во Европа со C-MAX Energi plug-in хибридно-електронско возило другата година заедно со Новото Mondeo Хибрид потоа.
Развиено по кампањата “One Ford” глобално возило, Focus Electric содржи напреден електричен мотор и литиумска батерија (акумулатор) кој произведува 143 PS и постигнува максимална брзина од 136 км/ч. Focus Electric се произведува во Северна Америка од Декември 2011, а Focus Electric од Сарлуи ќе биде достапен на Европските потрошувачи во Август оваа година.
“Focus Electric ја означува ерата на возбудливи современи целосно-електрични патнички возила Ford во Европа и го демонстрира успехот на “One Ford” стратегијата во правење вакви софистицирани возила достапни за Европските потрошувачи” изјави Barb Samardzich, подпретседател, производен развој, Форд Европа. “Тоа е автомобил кој одговара на барањата за мобилност и грижите за општествената средина на денешните автомобилски купувачи на најдиректен можен начин – комбинирајќи ги перфорамансите и напредната технологија со нулта емисија на издувни гасови.”
Ford инвестираше 16 милиони евра да ја интегрира продукцијата на Focus Electric директно во постоечката производна линија на Focus во Сарлуи, обезбедувајќи флексибилност да се реагира на побарувачката од пазарот со зголемен производствен волумен.
Новиот Focus Electric е првото целосно електрично возило кое е произведено во Германија директно од масовна производна линија. Секој Focus Electric е опремен со 6.6 kW целосно интегриран полнач кој може да испорача автономија од околу 100 км со 2-3 саати полнење, и околу 150 км автономија со 3-4 часа полнење од 32 А приклучок на струја.
Focus Electric вклучува нов кориснички интерфејс наречен Паметен Мерач (SmartGauge) кој ги калкулира и ви ги прикажува опсегот на возење базиран на преостаната енергија; уникатниот начин на возење на возачот, преку сопирањето и забрзувањето како параметри; и употребата на останатите елементи од опремата како клима уредот и аудио системот.
Софистицираниот агрегат на Focus Electric користи регенеративни сопирачки за да опфати до 95 проценти од кинетичката енергија која во нормалнио услови се губи во процесот на сопирање, додека иновативниот Тутор за Сопирање (BrakeCoach) поттикнува постепено сопирање, за да се врати повеќе енергија во батеријата.