Започнува пласманот на LG G Pad 8.3

Денес LG ќе започне со продажбата на LG G Pad 8.3 новиот одличен таблет, инаку нивни производ во оваа категорија по подолго време. LG по се изгледа ги научи грешките од минатото и создаде супер квалитетен таблет кој може да конкурира на најдобрите.

1

LG G Pad 8.3 ја започнува својата одисеја на домашно тло во Јужна Кореја, а во наредните две недели ќе се најде и на глобалните пазари ширум светот. Планот на LG е таблетот да биде присутен во повеќе од 30 земји до крајот на октомври.

2

LG G Pad 8.3 е фантастичен уред каков што би посакал секој купувач, со врвен IPS екран со резолуција од 1920 x 1200 пиксели која резултира со густина сликата од 273 ppi. Под хаубата е сместен супер брз четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 600 процесор со работен такт од 1.6GHz процесор, комбиниран со 2 GB RAM, како и 16 GB вградена меморија.

3

Како додаток е вклучен и слот за мемориска картичка microSD заедно со две камери од 5 и 1.3 мегапиксел, додека таблетот го напојува солидна батерија со капацитет од 4600 mAh. Според првичните информации LG G Pad 8.3 ќе се продава по цена од 300 долари, но во зависност од регионот таа може да достигне и до 500 долари.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -