Започнете го денот со путер и кафе

Кафето некако успева да го задржи своето место на листата на корисните пијалоци – особено ако наместо млеко, му се додаде голема грутка путер.

Дел од експертите велат дека кафето приготвено на овој начи, ќе го снабди вашето тело со енергија за пет часа, ќе го зголеми метаболизмот, ќе го забрза согорувањето на масти и ќе го намали вашиот апетит за слатко.

Од друга страна, кон крајот на минатата година The Telegraph објави статија на оваа тема и го дефинира кафето како дел од „погрешна и научно неоснована диета”. Интернетот пак изобилува со блогови на луѓе кои се обиделе да пијат од нетрадиционалниот пијалок со недели и се чувствуваат полни со енергија, или пак,  признаваат дека сепак умираат од глад до десет и пол.

Професионалните спортисти кои го наоѓаат кафето за корисно, не го консумираат секој ден, а сертифицираните лекари и нутриционисти од сајтот www.AuthorityNutrition.com, отворено го нарекуваат лоша идеја, бидејќи содржи огромна количина на калории, без да го снабдува организмот со највредните хранливи ензими на порција пржени јајца, на пример.

shutterstock_164222276-e1389639398649

Како да си приготвите кафе со путер?

Топлото кафе и маслото се мешаат до добивање на густ кајмак. Вкусот е необичен и всушност предизвикува чувство на ситост.

Предупредуваме, дека мислењата на оваа тема се поделени, иако е општо познато дека  Тибетанците со генерации додаваат масло од јак во своето утринско кафе.

А еве како да подготвите една супер енергетска шолја кафе:

1. Не штедете на кафе,  убаво наполнете ја лажицата со инстант кафе.

2. Не ја сипувајте водата во шолјата пред да зовире, но внимавајте да не ја превриете.

3. Земете една лажичка несолен, органски путер и ставете ја заедно со шолјата кафе во блендерот.

4. Мешајте сè додека не се растопи путерот.

- Реклама -