Започна Евровизија! Албанската преставничка тетовирала двоглав орел на целиот грб, Црна Гора оди во финале

Натпреварот за најдобра песна на „Евровизија“ започна.

Овогодинешниот избор за Песна на Евровизија е 59-то по ред.

Земја домаќин е Данска, чија претставничка е Емили Де Форест со песната “Only Teardrops”. Ова е трет пат Данска да биде домаќин. Во првото полуфинале настапуваа Албанија, Ерменија, Азербејџан, Белгија, Естонија, Унгарија, Исланд, Латвија, Молдавија, Црна Гора, Португалија, Русија, Сан Марино, Шведска, Холандија, Украина.

На почеток, победничката на Данска, Басим, ја отпеа победничката песна “Cliche Love Song”. А потоа беа претставени водителите и начинот на гласање. Педесет проценти од гласовите одат преку СМС, а остатокот од жирито.

Албанија иако не влезе во финалето, Херси Матмуја имаше брилијантен вокал со која беше впечатлива, но и тетоважата на нејзиниот грб исто така.

Прочитајте и:  Граѓаните на Базел сакаат Евровизија и покрај критиките од екстремната десница

Погледнете ги песните кои влегоа во финалето:

1.Црна Гора

2. Унгарија

3. Русија

4. Ерменија

5. Азербејџан

6. Сан Марино

7. Украина

8. Шведска

9. Холандија

10. Исланд

 

- Реклама -