Запаленет е глисер во сопственост на Зоран Милески Кичеец, второосомничениот во случајот „Рекет“, потврдија од Јавното обвинителство за Плусинфо.
На нашето прашање во врска со неофицијалните информации за заплена и на луксузни возила и други предмети, наводно во вредност од еден милион евра, како што јавуваат охридските медиуми, во Обвинитеството велат дека засега е извршено запленување само на глисер во сопственост на лицето кое е второ осомничено во случајот „Рекет“.
Заплената на глисерот по налог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е во врска со истрагата која е отворена во текот на минатата недела против Бојан Јовановски алијас Боки 13 и против Зоран Милески Кичеец, осомничени за рекет врз бизнисмени.
Двајцата осомничени се во притвор.