Запленет автобус со фалсификат документација кој се движел од Скопје кон Истанбул

Скопје, 19 декември 2021 (МИА) – Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции денеска околу 17 часот на наплатната станица Миладиновци по извршена контрола одзеле автобус, соопственост на правно лице од Скопје, кој се движел на релација Скопје-Истанбул, а бил управуван од З.М. (56), поради основано сомнение дека е направен фалсификат по регистрација и број на шасија.

Исто така поради сомнение дека возачот нема лиценца за меѓународен транспорт известени се надлежните инспектори од Државниот инспекторатот за транспорт за постапување, соопшти МВР.

Во тек е документирање на случајот, за кој следуваат соодветни поднесоци.

- Реклама -