Записникот од исказот на Камчев не „протекол“ од Кривичен

Записникот од исказот на Орце Камчев кога го пријавувал случајот „Рекет“ во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, не протекол од Кривичен, велат од судот на денешниот брифинг со новинарите. По извршените разговори со сите лица кои биле во контакт со документите, заклучено е дека документите не се изнесени од Судот, пренесува „НОВА“.

Од Кривичен истакнуваат дека исказот на Камчев претходно цел месец се чувал кај нив и не „протекол“, но во јавноста се појавил само еден ден откако бил препратен во Апелација. Од Кривичен посочуваат и дека четири години ги чувале сите документи за случаите на СЈО, а од нив исто така ниту еден документ не излегол во јавноста.

Вчера во јавноста беше објавено дека и исказот на второосомничениот Зоран Милевски – Кичеец, бил или можеби сѐ уште е на пат да „протече“, откако анонимно машко лице преку телефон ѝ понудило на одбраната на Боки 13 да ѝ го продаде документот.

- Реклама -