Запишете ги негативните мисли и фрлете ги во отпад

Честите негативни мисли може да ни го нарушат квалитетот на живот и да ни го загрозат психичкото и физичкото здравје, тврдат психолозите. Поради тоа важно е да го совладате механизмот „чистење“ на негативните мисли од мозокот, а еден од делотворните начини е да ги запишете на хартија и да ги фрлите во отпад, тврдат експертите од Универзитетот Охајо и Универзитетот во Мадрид.

Иако звучи смешно тој механизам навистина делува, тврдет експертите кои спровеле неколку експерименти на студентите. Откако ги запишале своите негативни мисли, дел од испитаниците повторно ги прочитале и размислувале за нив , додека друг дел хартијата ја фрлиле во отпад.

Во прашалникот што потоа го пополнувале, студентите кои ја фрлиле хартијата во отпад покажале многу попозитивни ставови.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

„Секако дека негативните мисли нема потполно да исчезнат ако ги запишете на хартија и ако ги фрлите во отпад, затоа што секогаш може повторно да ги создадете. Сепак, ова привремено решение делува“, рекол водачот на студијата, Ричард Пети.

Тој додал дека техниката може да се применува неколку пати на ден.

- Реклама -