Ароматичниот прилог го збогатува ова вкусно главно јадење.
Состојки
1 кг. компири, исчистени, излупени и исецкани на четвртини
путер, за пржење
чешне лук
140 мл. млеко
25 г. презла
25 г. рендано сирење, или кашкавал по вкус
2 гранчиња мајчина душичка
Подготовка:
1. Варете го компирот во сад полн со вода околу 15 минути, додека не омекне. Добро исцедете го.
2. Малку путер загрејте во истиот сад и пржете го исецканиот лук околу минута, додека не омекне. Потоа, сипете во тава млеко и загрејте го додека не стане млако. Вратете го варениот компир во тенџерето, тргнете го од оган и иситнете го компирот додека не добиете хомогена смеса.
3. Загрејте ја рерната на 180 степени. Во тавче или огноотпорен сад со големина од 20×30 цм. ставете пире. Посипете презла, сирење и мајчина душица. Печете околу 15 минути, додека не се стопи сирењето и презлата не зарумени и стане крцкава.
Напомена: По желба можете да го варите компирот во посолена вода.