Рускиот претседател Владимир Путин е без дилема еден од најмоќните луѓе на денешницата. Секој негов потег е будно проследен од јавноста, и тоа на глобално ниво.
Новинарите од Business Insider се потрудија да ја комплетираат сликата на Путин, претставувајќи ни неколку занимливости за него и неговиот живот, кои ретко се спомнуваат во јавноста.
1. Путин многу доцна легнува, а првиот оброк во денот го има дури после пладне.
2. Обожава да плива. Обично, плива по доручекот. Тоа му дава време за размислување.
3. Религијата за време на неговото детство била забранета. Сепак Путин е крстен во православна црква, но во тајност.
4. Не живее во Москва. Путин смета дека руската престолнина е претесна, па работи од неговиот кабинет кој се наоѓа надвор од Москва.
5. Има црн појас во џудо. Бил универзитетски првак во 1974-тата.
6. Како средношколец, работел во радио-станица, на која најчесто ги пуштал песните на „Битлси“.
7. Луѓето од неговиот најблизок круг на пријатели и соработници го викаат „Цар“. Некогаш го викале „Шеф“.
8. Путин го презира Интернетот. Смета дека е небезбеден и збунувачки.
9. Додека растел, обожавал шпионски романи и ТВ-серии. Омилена му била „13 мигови пролет“.
10. Во 1985-та, КГБ го пратила како агент во Источна Германија, под псевдонимот „Г-ин Адамов“.
11. Путин не пуши, а многу ретко пие.
12. Има две ќерќи, а се друго за нив е чувано во строга тајност.
13. Има неколку кучиња. Едно од нив ја имаше честа да ја исплаши и Ангела Меркел.
14. Дедото на Путин им бил кувар на Ленин и Сталин.