Овој акустичен реаражман на Кристијан Волчев содржи уникатен и модерен звук, исполнет со ритмичка комплексност, а зачинето со перкусивни елементи одсвирени на гитара.
Името на неговиот албум што треба да излезе наскоро се вика “Синистезија”, кој што ќе содржи десет песни и секоја песна ќе содржи одредена боја.
Целта е да секоја боја симулира синестетичко искуство кај слушателот. Албумот ќе содржи два реаражмани на македонски народни песни, меѓу кој и “Со Маки Сум Се Родила”, и осум авторски композиции.
Планиран е уште еден сингл пред издавањето на целосниот албум на тема “The Nihilist” заедно со видео спот. “Јовано Јованке” ќе биде вториот сингл, пред издавањето на целосниот албум.
…
Изразената емоционална длабочина, пулсацијата, отчукувањето во 7/8 такт, кое извира од под градната коска, преточено во една приказна која е прераскажана со помош на прстите, на резонантен дрвен корпус и шест метални жици, чие треперење создава тон кој умешно и со голем интензитет ги испреплетува сите човекови сетила.
Приказна, маестрално и суштествено срочена во неколку-минутен запис, еден мал дел од вечноста.
Замижи само… и слушај ги боите како се прелеваат…
Видеото ТУКА