Залезот на ноќните клубови

Не е за верување, но во земјата на убавото виски и матното пиво, во главниот град на бескрајните DJ забави – Лондон, ноќните клубови исчезнуваат.

klubovi-britanija1

Лесно може да се обвинат летото и големите фестивали за одливот на клиенти, но всушност ваквиот тренд трае веќе 10 години. За тоа време клубовите во Велика Британија се намалиле односно се преполовиле до 1733, покажуваат последните статистики.

Дури и владата ги чувствува страдањата на секторот кој има „важен придонес за приходите во економијата и културниот живот на земјата“.

Еден по еден дури и најкултните клубови започнаа да ги затвораат вратите, како што беше случај со  ноќниот клуб на Rudimental и покрај славата и континуираните настапи на концертните сцени годинава.

Бендот смета дека тоа е само циклус и по некое време луѓето повторно ќе се вратат под диско-топките. Дури легендарните Ministry of Sound, кои протестираа во 80-тите и 90-тите, објаснуваат дека не е намален бројот на луѓето, туку само се променија нивните разбирања за добра забава.

Здружението на сопственици на ноќни барови на Островот смета дека падот на младите генерации се должи на тоа што тие сакаат да слушаат музика преку телефон или да четуваат со некого дома, порадо отколку да излезат надвор.

klubovi-britanija2

Тоа не е така?

„Зошто ги обвинуваат младите, дека ги уништија клубовите? На пример јас никогаш не сум ги сакала. Пред 20 години, кога секој викенд имаше луди забави по баровите во Ливерпул и Лидс, јас не можев да ги смислам. Повеќе сакав да гледам “Пријатели” во петок навечер, отколку да висам во редиците и да чекам да влезам со часови на истите места, каде во близина на подиумот секогаш е гласно и мириса непријатно “, напиша новинарката од весникот Independent Џејн Мерик.

Според неа на младите Британци им е доста од тоа да употребуваат дрога, бидејќи нели забавите треба да бидат “матно” задолжителни.

klubovi-britanija3

Фокусирајте се на интересот кон малите пријатни барови со настапи во живо од непознати групи, наместо светски DJ-и во големите ноќни клубови во стилот на Ибица, порача и Guardian.

DJ Smokin Jo, која е во бизнисот од 25 години, вели дека смртта на супер-клубовите е срам, бидејќи не се поштедени ни амблеми на ноќниот живот, како лондонскиот Turnmills. Таа сепак гледа многу повеќе стремеж за самостојност кај помладата генерација – тие се обидуваат да организираат свои седенки, да креираат свои места за забава, веројатно не сакајќи да бидат мејнстрим.

Залезот на клубовите доаѓа токму со оваа промена – пренесување на ноќниот живот надвор од светкавите центри, и тоа,  во напуштени згради, индустриски зони, гаражи, далечни терени, кои немаат ништо заедничко со стандардните клубови и тоа го прави доживувањето сосема поинакво. Ова може да се спореди со инвазијата на електронската музика пред 20 години – од андерграунд до големите клубови.

klubovi-britanija4

Иста музика

„Овие места не се толку забавни, бидејќи сè што се случува таму е по шема, нема интимност меѓу луѓето, само гласна музика и многу пијани фаци.”, вели организатор на ноќни настани од Манчестер и Лидс.

26-годишната Bip Ling – DJ, модел и блогер истовремено, се присетува на еден детаљ кој влијае врз сликата – големите клубови вложуваат исклучително многу во електронската музика, и тоа со години.

„Има премногу електронска музика. Не се појавил нов жанр кој ќе ги освои луѓето. На сцената нема промена “, вели таа и потврдува дека нејзината генерација ја привлекуваат повеќе пабовите и малите алтернативни барови, наместо големите клубови каде знаеш многу добро што да очекуваш.

klubovi-britanija5

- Реклама -