Закон за јазици: На хартија е разбирачка, во пракса – недоразбирачка (ВИДЕО)

На хартија, Законот за јазици требаше да значи унапредување на правата на Албанците и конечен мир во куќата новоименувана како Северна Македонија. Во пракса, барем засега, двојазичноста резултира со низа недоразбирања.

Последното се случи на пресот на заедничкиот прес на министерот за образование – Арбер Адеми и градоначалникот на Велес – Аце Коцевски. На новинарско прашање поставено на албански, министерот одби да одговори и на македонски, а со оглед дека немаше преведувач, на тоа реагираа Коцевски и дел од новинарите, со образложение дека би сакале да знаат што тоа се зборува на прес-конференцијата.

Слични недоразбирања имаше и минатата недела на прес-конференцијата на пратеникот и координатор на пратеничката група на ДУИ – Ејуп Алими, како и на пресот на вицепремиерот Бујар Османи и генералната секретарка на Регионалниот Совет за соработка – Брегу, која по потекло е од Албанија, кога „задоцнил“ преведувачот.

Прочитајте и:  Таравари: Албанскиот јазик не е рамноправен со македонскиот и мора да се врати на она што беше пред 1991 година

виа Алфа ТВ

- Реклама -