На последната конференција на УНИЦЕФ Закерберг изјави дека лекот за екстремната сиромаштија во светот лежи во пристапот до интернет за секој човек. Закерберг смета дека најпоразително е тоа што половина од светското население воопшто нема пристап до интернетот. Со тоа, тој повикува на обезбедување бесплатен интернет пристап до сите луѓе кои не можат тоа да си го дозволат.
„Нашата порака е едноставна. Со тоа што ќе им дадеме пристап до интернет, всушност им даваме глас на оние кои се безгласни“ , вели Закерберг