Премиерот Зоран Заев закажа нова лидерска средба, во понеделник во 9 часот.
На последната лидерска средба, претставниците од партиите постигнале одредени доближувања на ставовите во врска со некои од отворените прашања.
На новата лидерска средба се поканети лидерите и претставници од владејачката СДСМ, опозициската ВМРО-ДПМНЕ и од албанските партии ДУИ и Беса.