Во тетовското село Порој е пријавен случај на закани и оштетување на имот, каде што три возила се демолирани. Сопственикот на возилата, Ѓ.Б. (42), истакнува дека предходно добивал закани. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 09.04.2026 година во 19:45 часот, кога Ѓ.Б. пријавил дека лицето А.Е. му упатувало закани по телефон, не само нему, туку и на неговите браќа.
Тој исто така пријавил дека истиот ден, околу 18:30 часот, на неговиот плац во Порој, со употреба на тврди и остри предмети, две возила „рено меган“ и едно „мерцедес“ биле оштетени, при што стаклата се искршени и пневматиците се уништени. Полицијата извршила увид на местото на настанот и активно работи на идентификување на сторителот и расчистување на случајот.
Според соопштението на Министерството, екипа од СВР Тетово се ангажирала на терен за да ги преземе неопходните мерки.




