Зајкова: Свикување на Советот за безбедност и јасна стратегија за заштита на граѓаните од идните финансиски шокови

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, апелира за итно свикување на Националниот совет за безбедност и создавање на јасна економска стратегија која ќе ги заштити граѓаните од предстоечите финансиски предизвици. Во објавата на социјалните мрежи, Зајкова предупредува дека светот се наоѓа во период на сериозна економска нестабилност, и дека државите веќе преземаат активности за справување со растечката инфлација, економскиот раст и предизвиците во енергетскиот сектор. Таа истакнува дека Македонија не смее задоцни со реакцијата на овие процеси.

Во своето соопштение, Зајкова открива дека во последните денови била во Вашингтон, САД, каде што учествувала на Пролетните состаноци организирани од ММФ и Светската банка. Според неа, на овие економски форуми биле презентирани податоци за глобалниот раст и потенцијалниот пад, при што неколку држави веќе побарале итна финансиска помош поради енергетскиот шок и порастот на цените. Зајкова ја цитира и директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, која укажа на можните долгорочни последици од кризата, особено за најранливите категории на населението.

Прочитајте и:  Хезболах го одбил предлогот за прекин на огнот, Израел наредил евакуација на девет села во Либан.