Захарова со порака до САД: Повторуваме, задачите што ги поставивме во Украина ќе бидат исполнети

Москва, 10 октомври 2022 (МИА) – Русија е отворена за дипломатија, но охрабрувањето на Киев од страна на Вашингтон ги отежнува дипломатските напори за решавање на конфликтот, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Повторуваме уште еднаш, особено за американската страна – задачите што ги поставивме во Украина ќе бидат исполнети“, напиша Захарова во соопштение објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи.

Таа додаде дека Русија е „отворена за дијалог“ и дека условите се „добро познати“.

„Колку подолго Вашингтон го поттикнува воинственото расположение на Киев и охрабрува наместо да ги попречува терористичките активности на украинските саботери, ќе биде потешко да се бараат дипломатски решенија“, нагласи Захарова.

Прочитајте и:  Украина: Новата хиперсонична руска ракета развила брзина поголема од 11 маха (речиси 3.8 километри во секунда)
- Реклама -