Загреб подготвува величенствен дочек на „коцкестите“ без оглед дали ќе донесат медал од Катар

Хрватските репрезентативци в сабота ќе се борат за бронзениот медал на Мундијалот во Катар против поразениот од средбата меѓу Мароко и Франција, а веќе во Загреб е закажан величенствен дочек на „коцкестите“.

Хрватите во утринските или претпладневните часови треба да тргнат од Доха, а во Загреб најверојатно ќе слетаат околу 16 или 17 часот, по што ќе тргнат кон центарот каде што е планиран пречек.

Градот очекува масовен дочек на своите херои, каков што имаше и во 2018 година кога од Мундијалот во Русија се вратија со сребро.

- Реклама -